Култура Во Куманово изложба: „(По)трагите на водата“ со мотиви од Охридско Езеро

Во Куманово изложба: „(По)трагите на водата“ со мотиви од Охридско Езеро

В петок, на 5 февруари, со почеток во 19.30 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложба на акварели, со наслов „(По)трагите на водата“.

Меѓу другите, на изложбата ќе биде поставено делото „Мотиви од Охридското Езеро“ на починатиот македонски акварелист Теофил Шулајковски-Тофе.

Шулајковски во своите дела често сликаше мотиви од Охрид, а меѓу неговите најпознати слики посветени на Охрид се две дела насликани во 50-тите години на минатиот век, делата „Перивлепта“ и „Охридски куќи“.

На изложбата во Куманово ќе биде поставено и дело на легендарниот струшки сликар Вангел Коџоман.