Македонија Во Капиштец се гради модерна градинка

Во Капиштец се гради модерна градинка

Старата, дотраена и нефункционална градинка „Кочо Рацин“ замина во историјата, а првпат по цели 40 години, во општина Центар се гради нова. Во неа се вградени најсовремени материјали, а објектот ќе има енергетски ефикасна фасада, со тројна термичка заштита.

– Првпат во Македонија во образовна институција се поставува ваков кровен противпожарен панел кој издржува до 180 минути. Подовите се антиалергени, антибактериски и со вградено подно греење. Меѓу просториите ќе има звучна изолација. Ова ќе биде убедливо најубавата градинка во Република Македонија со критериуми и со услови кои ги заслужуваат нашите деца – вели градоначалникот Андреј Жерновски за новата градинка.

Кујната ќе биде современа, според ХАСАП-стандардите, и ќе произведува 500 оброци дневно за децата од матичната градинка и од двата клона. Во дворот на оваа градинка ќе бидат засадени 40 нови дрвја.
Новиот објект е на бруто-површина од 3.560квадратни метри и нето-површина од 2.742 квадратни метри.