Економија Во јули биле потрошени 547.640 мегават-часови електрична енергија

Во јули биле потрошени 547.640 мегават-часови електрична енергија

Во јули годинава, потрошени се 547.640 мегават-часови електрична енергија, 20.319 милиони кубни метри природен гас, 385.154 тони јаглен и 97.991 тон нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 76,9 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 94,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.