Хроника Во Драчево повреден градежен работник

Во Драчево повреден градежен работник

Повредениот не е во животна опасност

Градежен работник тешко се повредил попладнево во околината на „Марков манастир“ во Драчево.

Работникот, бушејќи со градежна машина, во еден момент си ја зафатил и ногата, по што веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде што лекарите извршиле ампутација на екстремитетот.

Повредениот не е во животна опасност.