Македонија Во ДИК се пријавиле 756 спорни гласачи

Во ДИК се пријавиле 756 спорни гласачи

Во Државната изборна комисија до денеска, до 13 часот, се пријавиле 756 граѓани чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во избирачкиот список.

Од нив, 207 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 549 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најмногу пријавени има во општина Чаир – 138, потоа во Аеродром – 73 и во Центар – 70.