Државната изборна комисија соопшти дека до денеска до 13 часот се пријавиле вкупно 397 граѓани за кои има несовпаѓања на податоците во избирачкиот список.
„Од нив 86 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 311 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.
Најмногу пријавени има во општина Чаир – 53, потоа Аеродром – 50, па општините Карпош и Кичево, каде се пријавиле по 27 лица.