Македонија Во атарот на Блаце МВР пронајде закопано оружје од 2001 година

Во атарот на Блаце МВР пронајде закопано оружје од 2001 година

Министерството за внатрешни работи информира дека на 24 јануари, по претходно добиени информации, во атарот на село Блаце, во близина на границата со Косово, е пронајдено закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година. „Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје, пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.