Македонија ВМРО-НП: Политичките партии да се однесуваат рационално

ВМРО-НП: Политичките партии да се однесуваат рационално

„ВМРО-Народна партија изразува искрено задоволство со одлуката на Европската комисија да ѝ се додели статус за асоцијација и стабилизација на Косово со ЕУ. Истовремено, на политичките фактори во Косово им честитаме за искажаната спремност и храброст во нивниот од кон конечно членство во ЕУ, што, од друга страна, заедно со претходно доделениот ист статус на Босна и Херцеговина, претставува значаен исчекор во напорите за воспоставување на траен мир и за целосна стабилизација на Западен Балкан“, се вели во реакцијата на ВМРО-НП.

„ВМРО-Народна партија по којзнае кој пат ги потсетува сите политички партии и субјекти, но и целата македонска јавност, дека поради подолготрајната внатрешна политичка криза и отсуството на општ политички конзензус за решавање на истата, како и јаловата и неодговорна надворешна политика, ќе останеме на крајот на агендите на ЕУ и на НАТО. ВМРО-Народна партија апелира до сите политички субјекти во Република Македонија, за рационално однесување во овие преостанати неколку месеци до октомври, да ги искористат сите демократски средства и цивилизиран политички дијалог, за да не биде остварено сè поизвесното одземање на препораката за почнување на преговорите со ЕУ. Сосема е очекувано овој период, Косово и Босна и Херцеговина да го искористат за подобрување на нивната почетна преговарачка позиција со ЕУ, што во случај на одземање на нашата препорака, ќе значи иста дури и полоша позиција на РМ во однос на почетокот на преговорите со ЕУ“, стои во соопштението од ВМРО-НП.