Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно сака да ја наруши стабилноста на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно сака да ја наруши стабилноста на државата

Лидерот на СДСМ му нанесува директна штета на безбедносниот систем и на капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и на државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавена по денешната прес-конференција на СДСМ.

– Во минатите два месеци се изнаслушавме секакви обвинувања, манипулации и лаги, но ова денеска е врвна неодговорност на Зоран Заев, не кон нас, туку кон државата, кон безбедносните служби, кон пријателските држави и кон сигурноста на граѓаните. Зоран Заев денеска им докажа и на најголемите поддржувачи на СДСМ дека свесно сака да ја наруши стабилноста на државата и да предизвика проблеми од поголеми размери. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која нема да му дозволи нему и на неговите соработници да си поигруваат со безбедноста на државата – се вели во реакцијата.

Во соопштението на партијата се истакнува дека се почитувани сите законски процедури во постапката за опремата.

– Истакнуваме дека МВР веќе потврди постоење на целосна документација за оваа донација – се вели во соопштението.