Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Итна медицинска помош за решавање на проблемите на жителите на Лабуништа

ВМРО-ДПМНЕ: Итна медицинска помош за решавање на проблемите на жителите на Лабуништа

Лабуништа

Новата Итна медицинска помош во струшкото село Лабуништа ќе опслужува повеќе од 7.000 жители од ова село и 2.000 жители од околните места, рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска, додавајќи дека со ова се решава еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваа жителите на ова село.

– Жителите од овој дел на Македонија со години беа запоставувани и никој досега не ги слушна нивните проблеми, потреби и сугестии, ниту, пак, ги реши. Сите ветуваат, но никој не оствари. Затоа ова преставува еден огромен успех. Сите граѓани на Република Македонија имаат право на здравствена услуга по највисоки стандарди, што е неопходно за здрав и квалитетен живот. Токму затоа решавањето на овој проблем е од огромно значење за жителите на Лабуништа – наведе Исмајлоска.