Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја надмина и Шекеринска со кириите

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја надмина и Шекеринска со кириите

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, се обидува со манипулација да избега од одговорноста.

– Шилегов, не само што добива 700 евра од неидентификуван извор за имот кој никаде не постои, туку, како што можеме да видиме, има и четири фирми-кираџии во неговиот стан на булевар Кузман Јосифовски Питу 19/5-4 во Скопје. Тој за овие четири фирми, од кои две не се во негова сопственост, не приложува никаков договор за закупнина, а уште помалку има пријавено дека добива кирија -рече Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.