Македонија ВМРО-ДПМНЕ порачува овој Велигден да биде нов поттик за заедништво и за...

ВМРО-ДПМНЕ порачува овој Велигден да биде нов поттик за заедништво и за зближување

„Денеска се прославува најголемиот христијански празник, ден кога верниците се радуваат на победата на животот над смртта. Овој празник е најсветлиот ден во годината, кој одново ја воскреснува надежта за подобар живот и за подобро утре. Нека светлоста и блаженството на овој ден ги огрее домовите и срцата на верниците, а радоста нека се сподели со најближните, пријателите и со соседите“, пишува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Велигден.

„Во Македонија со векови сме покажале дека умееме заеднички да се радуваме и духовно да се обединиме во празнувањата, водени од традицијата, заедничките вредности, духот на толеранцијата и од разбирањето. Нека овој Велигден биде нов поттик за заедништво и за зближување. Само така ќе можеме да продолжиме да го градиме патот кон подобра иднина, благосостојба на сите граѓани и личен и заеднички напредок. Само така ќе ја постигнеме нашата единствена цел да ја изградиме Македонија и духовно побогата и попросперитетна. Нека Бог ја благослови нашата татковина Македонија. Нека е честит и за многу години празникот Велигден“, пишува во честитката.