Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг в понеделник, 18 мај

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг в понеделник, 18 мај

На вчерашната средба на лидерите на владината коалиција „За подобра Македонија“, донесена била одлука за одржување на голем митинг на 18 мај во Скопје, пишува „Дојче веле“.

Некои од лидерите на коалицијата биле против одржувањето на ваков митинг само еден ден по најавениот собир на СДСМ.

Сепак, на крајот бил прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување митинг на 18 мај.