Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да открие од каде се снимките

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да открие од каде се снимките

Повторно го повикуваме Јавното обвинителство да открие од каде се снимките од премиерот Никола Груевски и од лидерот на опозцијата, Зоран Заев, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени посебни истражни мерки или не е, и за што станува збор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев сам призна дека соработувал со странска тајна служба. Тој сам кажал дека се заканувал и го уценувал државниот врв во Македонија – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој рече дека токму Јавното обвинителство потврдило дека постои кривично дело во кое е инволвиран премиерот Никола Груевски.

Според партијата на власт, „Шилегов на трагичен и крајно неинтелигентен начин се обидува да го испере од срамот неговиот партиски шеф, Зоран Заев, за скандалозната соработка со странска служба“.