Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Заев да се бори за премиерското место

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Заев да се бори за премиерското место

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за претседател на владата, рече на прес-конференција вицепремиерот Владимир Пешевски.

– Тоа значи дека на 24 април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО-ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Зоран Заев денеска самиот се прогласи за иден премиер. Зоран Заев денеска уште еднаш покажа што мисли за правото на граѓаните самите да судат и да одлучуваат. Зоран Заев денеска уште еднаш ги потцени сите гласачи. Доколку Зоран Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, ВМРО-ДПМНЕ го повикува да си даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори премиерот Никола Груевски – рече Пешевски.