Македонија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи народен собир во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи народен собир во Прилеп

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Прилеп.

Како што информираат од партијата, собирот ќе се одржи во прилепската универзална сала Арена „Сонце“, а на него свое обраќање ќе има претседателот на партијата, Никола Груевски.

На собирот, како што е најавено, ќе бидат изнесени ставовите и позициите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања и плановите на партијата за наредниот период.