Македонија ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ја објасни одлуката за Кежаровски за да нема...

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ја објасни одлуката за Кежаровски за да нема шпекулации

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелира до повисоките судски инстанци да ја проверат процедурата и да ја објаснат одлуката во случајот со новинарот Томислав Кежаровски за да се спречат шпекулациите и манипулациите со јавноста, соопштуваат од партијата.

Оттаму велат дека ја осудуваат секоја политичка злоупотреба на судската одлука во врска со случајот „Ликвидација“, а посебно во однос на пресудата за новинарот Кежаровски.

„Апелираме до повисоките надлежни судски инстанци, врз основа на законската регулатива, да ја проверат процедурата во случајот со новинарот Кежаровски и пред јавноста да објаснат на што ја темелат секоја своја одлука за да се спречи шпекулирање и манипулација со јавноста од одредени општествени субјекти, а особено од политички партии. Опозицијата мора да престане со дивеење и со ширење закани и омраза, поттикнати од лични цели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.