Македонија ВМРО-ДПМНЕ бара од Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција

ВМРО-ДПМНЕ бара од Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција

Во писмото што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ му го испрати на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се бара тој да ја преиспита одлуката за прекинување на постапките против политичари од власта и од опозицијата и нивни соработници од 13 април и да ја разгледа можноста за нејзино повлекување.

„Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес почнат со политичкиот договор од 2 јуни, како и со протоколот од 15 јули и затоа бараме да ја разгледате истата и во најкус можен рок да донесете одлука за надминување на новонастаната ситуација“, се вели во писмото на ВМРО-ДПМНЕ до претседателот Иванов.