Македонија Владата попушти, автошколите го прекинаа протестот

Владата попушти, автошколите го прекинаа протестот

Автошколите, кои цел месец ја блокираа улицата пред Влада, го прекинаа протестот откако на средбата со претставници на извршната власт им било кажано дека Министерството за внатрешни работи веќе доставило предлог за одложување на мерката за снимање на обуката со сопствена опрема.

– Нашето барање е членот да се одложи една година, период во кој ние, со докази, со факти и со аргументи ќе ги убедиме властите дека вака како што е напишано законското решение, не може да се спроведе во практика – вели Јонче Апостоловски, претседател на Националното здружение на автошколи и на возачи-инструктори.

Автошколите сметаат дека со снимањето на секој час од обуката, освен трошоците за опремата, кои паѓаат на нивниот грб, се нарушува и приватноста на кандидатите.