Македонија Владата додели 16 грантови на фирми за иновации

Владата додели 16 грантови на фирми за иновации

Четиристотини и педесет илјади евра се доделени во вид на кофинансирани грантови на 16 компании во развој или во фаза на ребрендирање, во рамки на првиот јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој.

Половина од избраните проекти за финансирање, се од информатичките области, а останатите се од различни сфери.

Од 78 пристиганти апликации, 25 отсто од апликантите се компании што се основани оваа година.