Македонија Владата денеска ќе го разгледува извештајот на Прибе

Владата денеска ќе го разгледува извештајот на Прибе

Извештајот на бриселската група експерти предводени од поранешниот директор на директоратот за проширување на ЕК, Рајнхард Прибе, и препораките што земјава мора итно да ги спроведе, попладнево ќе се најдат на седница на Владата, информираат за „24 Вести“ владини извори.

Истите извори тврдат дека вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, ќе реферира за извештајот, средбите во Брисел минатата недела со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, како и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, но ќе ги претстави и планот и стратегијата за спроведување на препораките кои без дипломатски ракавици и во конкретни сфери и области Брисел ги бара од Македонија.

Од Владата официјално велат дека денешната седница е редовна тематска седница, од тие што се посветени на македонските евроинтеграции.