Македонија Владата бара да биде утврдена одговорноста за двегодишното прислушување на ОЈО

Владата бара да биде утврдена одговорноста за двегодишното прислушување на ОЈО

Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, порача владиниот портпарол Миле Бошњаковски, реагирајќи по денешната информација од Јавното обвинителство дека во објектот во кој се наоѓа главното обвинителство и други обвинителства, е пронајдена опрема со која се прислушувало од крајот на септември 2016 година до вчера.

– Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана. Тоа што можеме во моментов да го кажеме е дека Министерството за внатрешни работи целосно е вклучено во предистражната постапка. Одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница – рече Бошњаковски.