fbpx

Јовески: Биле прислушувани фиксните телефони на Обвинителството

-

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за сторителот на незаконско прислушување на фиксните телефоните во Обвинителство од 30 септември 2016 година до вчера.

Телефонските разговори биле снимени на два хард диска соопшти на брифинг со новинарите Јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Ќе се прави вештачење за да се утврди кој снимал, со која цел и дали прислушуваните разговори биле изнесувани надвор и дали е нешто бришено во нив.

Телефонската централа била набавена преку тендер и била сместена во посебна просторија во Јавното обвинителство. Централата за фиксна телефонија била инсталирана во 2013 година.

Јовески, во интерес на истрагата, не сакаше да открие повеќе детали за овој случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...