Македонија Владата ќе ја одложи примената на измените на Законот за високо образование

Владата ќе ја одложи примената на измените на Законот за високо образование

За една година ќе се одложи примената на последните измени на Законот за високо образование, меѓу кои спроведувањето на државниот испит, соопштуваат од Владата.

„На средбата и двете страни изразија подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високо образование за една година, меѓу кои и одложување на спроведувањето на државниот испит за една година и за спроведувањето на обврската за објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор за две години. Во меѓувреме, беше договорено во периодот што следува, да продолжи дискусијата на ниво на работни групи од двете страни, во насока на подобрување на пакетот закони за реформи во високото образование, односно за носење нов закон за високо образование“, се вели во сооштението од Влада.

Оттаму велат дека Владата изразува отвореност и подготвеност низ еден поширок транспарентен и инклузивен процес, заедно со релевантните чинители, заеднички да се работи на градење квалитетен систем на високо образование.