Економија „Виз ер“ и наредните три години ќе лета од Скопје

„Виз ер“ и наредните три години ќе лета од Скопје

Авионската компанија „Виз ер“ е избрана за нискобуџетен авиооператор за наредните три години, соопшти Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, презентирајќи го отчетот за сработеното во минатата година.

– Има рок на жалба и очекувам до 15 јануари да го склучиме договорот. Понудени се нови линии од Скопје кон пет европски центри и директен лет од Охрид кон Базел – информираше Јанакиески.

Во 2014 година, потсети тој, преку проектот за финансиска поддршка за нискобуџетни компаниии биле воведени пет нови дестинации кон Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и кон Рим. Вкупно минатата година низ двата аеродорма поминале еден милион и 270 илјади патници, а почна и постапка за избор на национален авиопревозник.