Подглавна секција Вистиномер: Српски актери прикажани како воени херои во војната во Украина

Вистиномер: Српски актери прикажани како воени херои во војната во Украина

Илустрација: Колаж од објавуваните фотографии во твитовите и постовите

Користењето на српски и југословенски дела наменети за големиот и мал екран е една од пошокантите пропагандни трикови во паралелната битка за Украина. Темата ја отвора „Би-Би-Си“, ја пренесуваат српски медиуми, а потоа и домашните медиуми, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Како што јавува наш извор на вести, на пропагандата во војната која се води во Украина навистина ѝ нема крај. Се работи за очевидно користење на секвенци од филмови и тв серии за да се претстават „храбрите борци“ во разни акциони ситуации, а во два случаја и „злите руски офицери“ кои наводно уживаат во горењето украински села додека пијат пиво!

Објавата на следната фотографија (твитот е во меѓувреме избришан) оди со легенда: „Руски окупаторски војници пијат пиво откако го запалиле селото. „Европската цивилизација исчезнува во пламен“. Всушност се работи за секвенца од филмот „Убавите села, убаво горат“, а клучниот актер е никој друг туку Драган Бјелогрлиќ.

Фото: Принтскрин

Овој филм воопшто не обичен. Да потсетиме –  беше кандидат за Оскар (1996) за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и се смета за едно култните дела на српската кинематографија. Снимен е 1996 година и говори за вистински настан од крвавите воени дејствија во Босна (1992 г.). Филмот, пред сè е со антивоена порака, а во конкретниот случај е злоупотребен во пропагндни цели.

Но, тоа не е сè. Во пропагандни цели е искористен и кадар од филмот „Небесна јадица“ со Никола Којо, кој стои пред отворен прозорец додека зад него стојат изрушени згради. Филмот, инаку говори за бомбардирањето на Белград во 1999 година, а делото исто така беше кандидат за Оскар (2000) во категорија на дела од неанглиско подрачје. Во пропагандните објави на Твитер, пак, Којо е претставен  како херој од Украина, извесен генерал-водник Николај Којченко кој  „низ прозорец гледа во разурнатиот Киев“.

 

За пропаганда е искористен и ликот на актерот Ненад Окановиќ (кај нас познат од серијата  – „Селото гори, бабата се чешла“), кој е прикажан како херој на отпорот во Украина. На Твитер е споделена фотографија од српскиот актер заедно со пораката:

Ова е војник од Украина кој го урна мостот во Харков и херојски загина. Се вика Олексиј Степаненко Оканович

 

Веста за користените српски актери и дела, всушност е пренесена од „Би-Би-Си“ на српски, откако овој угледен извор налетал на твитот на поранешниот австриски народен пратеник Лео Колбауер, кој  напишал дека на прикажаната фотографија не е украински воен херој, туку српскиот актер Ненад Окановиќ.

 

Во групата имитирани српски „воени херои“ искористен е и српскиот актер Радош Бајиќ од серијата „Село гори, баба се чешла“ , кој е претставен како  „Духот на Киев“ кој соборил дури 16 руски биорбени авиони!