Македонија Викторија Нуланд на 13 јули во посета на Скопје

Викторија Нуланд на 13 јули во посета на Скопје

Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар за европски и за евроазиски прашања, доаѓа во посета на Скопје на 13 јули, пренесе „Плусинфо“.

Таа во Скопје ќе има средби со политичките субјекти за да се најде решение за политичката криза во земјава.

Нејзината посета на земјава е дел од планираната посета на регионот.