Македонија Венизелос: Да не ни вршат притисок за името поради економската криза

Венизелос: Да не ни вршат притисок за името поради економската криза

Венизелос пишува дека грчката криза коинцидирала со поширока криза во ЕУ

Стратегиски приоритет на грчката надворешна и одбранбена политика е да не се искористи економската криза за да се изврши притисок врз Грција за националните прашања, меѓу кои и спорот за името, пишува министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, во авторски текст за неделното издание на весникот „Катимерини“.

Венизелос пишува дека грчката криза коинцидирала со поширока криза во ЕУ, не само економска, туку и политичка, со крупни предизвици за европската безбедност, како и со криза во јужното и во источното соседство, која бара повеќе енергија од распадот на Советскиот Сојуз, распадот на Југославија и Арапската пролет.

Грчкиот министер во авторскиот текст наведува дека стратегиски приоритет на Грција, како членка на ЕУ и на НАТО, ќе биде да се формулира грчката позиција за регионалните и за меѓународните кризни прашања, со потреба да се почитува меѓународното право.

Во текстот се нагласува дека и покрај тоа што имало поделеност на политичката сцена на политички сили кои се „за“ и „против“ меморандумот, сепак не биле доведени во прашање основните позиции на државата во поглед на националните прашања.