Македонија Велосипедско дефиле по повод Европската недела на мобилност

Велосипедско дефиле по повод Европската недела на мобилност

Велосипедското дефиле, по повод Европската недела на мобилност, почна во 10 часот пред Порта „Македонија“.

Велосипедистите тргнаа по улицата Димитрие Чуповски, а ќе продолжат по булеварот Климент Охридски, булеварот Партизански одреди, ќе свртат кај кружниот тек во Влае, ќе се враќаат по булеварот Партизански одреди и булеварот Илинденска и ќе завршат кај Школка во Градски парк.

Маршрутата е во должина од 10 километри, а сообраќајот по овие делници е затворен.

Во Градски парк, на финишот, ќе се обратат заминик-министерот за животна средина и за просторно планирање, Стево Темелковски, и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и Мартин Клауке, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во РМ.