Македонија Велешанец измамен за 4 илјади евра – продал бела техника, парите не...

Велешанец измамен за 4 илјади евра – продал бела техника, парите не ги добил

Преку мобилна апликација лицето се договорило за набавка на бела техника. Договорената стока била испратена во Скопје и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок

Фото: Мета.мк

Вчера во СВР Велес, 47-годишен маж од велешко пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари.

Според пријавеното, на 29.07.2024 преку мобилна апликација лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Договорената стока била испратена во Скопје и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок.

По една недела лицето веќе не било достапно, по што велешанецот сфатил дека е измамен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.