Македонија Вељаноски во посета на Италија

Вељаноски во посета на Италија

На покана на претседателот на Сенатот и на претседателот на Домот на пратеници на Италијанската Република, денеска и утре претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија во Рим.

На конференцијата, Вељаноски ќе има обраќање на тема „Европа по кризата: нови патишта на пораст“.

Во неговото второ обраќање, пак, тој ќе говори на тема „Зајакнување на политичкиот дијалог“.