Македонија Вечерва два протести во Штип

Вечерва два протести во Штип

По најавата на ГДОМ дека и тие вечерва ќе протестираат, од мрежата на граѓански организации „Протестирам“ од Штип велат дека нивниот протест ќе се одржи како што е планиран.

Протестот на ГДОМ е закажан еден час по почетокот на најавениот протест на „Протестирам“. За разлика од Битола, каде граѓанскиот протест го заменија со герила-акција, во Штип протестот ќе се одржи како што е најаваен.

Демонстрантите ќе се соберат пред судската зграда, па преку центарот на Штип кај Трговскиот центар ќе завршат пред зградата на Општина Штип.

Од ГДОМ најавуваат собир пред Домот на културата „Ацо Шопов“ во 19 часот, во време кога од другата страна на реката Отиња ќе се наоѓаат демонстрантите од мрежата на граѓански организации.

Ова ќе биде првото протестно собирање на „Протестирам“ во Штип, а во исто време е и прв протест на ГДОМ.