Македонија Вчера МВР издало потврди на вкупно 2.621 мигрант

Вчера МВР издало потврди на вкупно 2.621 мигрант

Во текот на вчерашниот ден, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) им издало на вкупно 2.621 мигрант. Според потеклото на лицата на кои вчера им биле издадени потврдите, како што информираат од МВР, најбројни се државјаните на Авганистан, вкупно 953 лица, од Сирија биле регистрирани 945, а од Ирак 723 лица.

Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со вчера, според МВР, низ Македонија транзитирале вкупно 336.841 мигрант.

На 19 ноември, македонските власти почнаа со филтрирање на мигрантите, односно влез и транзит низ земјава им се дозволува само на лица што доаѓаат од конфликтните подрачја, поточно само на државјаните на Сирија, Авганистан и на Ирак.

Според МВР, од 19 јуни до вчера, азил во земјава побарале вкупно 83 странски државјани. Во текот на вчерашниот ден не биле поднесени нови барања за азил.