Македонија Вчера МВР издало потврди на 2.540 мигранти

Вчера МВР издало потврди на 2.540 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.540 мигранти.

Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Сирија, вкупно 1.357 лица, од Авганистан биле 744 лица, а од Ирак – 350 лица добиле ваква потврда.

Од почетокот на годината до вчера биле издадени вкупно 77.230 потврди на странски државјани.