Македонија Вчера издадени потврди на вкупно 932 мигранти

Вчера издадени потврди на вкупно 932 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 932 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција.

Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, заклучно со денеска, според податоците на МВР, потврди им биле издадени на вкупно 215.275 мигранти. Од нив најголем број се сириски државјани, односно 137.252 лица, потоа од Авганистан (45.969), Ирак (16.333), Пакистан (4.583), Иран (3.834), Палестина (1.758), Сомалија (1.082), Бангладеш (1.019), Конго (504), Мароко (307), Алжир (285), Нигерија (265) и од Либан (255).

Досега азил во земјава побарале само 70 мигранти, од кои 51 се сириски државјани, додека другите се со потекло од Авганистан, Пакистан, Мароко, Либан, Палестина, Алжир, Ирак и од Египет.