Македонија Вчера издадени потврди на вкупно 2.853 мигранти

Вчера издадени потврди на вкупно 2.853 мигранти

Потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало на вкупно 2.853 мигранти, кои влегле во земјава од Грција.

Најголем дел од мигрантите се сириски државјани, односно 1.404 лица, од Авганистан биле регистрирани 1.086 луѓе и од Ирак 163 лица.

Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, според податоците на МВР, вакви документи им се издадени на вкупно 192.810 странски државјани. Од нив 125.713 се сириски државјани, 38.006 се од Авганистан, од Ирак се 14.924, Пакистан – 4.233, Иран – 3.240, Палестина – 1.651, Сомалија – 965, Бангладеш – 901, Конго – 491, Нигерија – 256, Камерун – 222 и од Еритреја се 212 лица.

Од почетокот на издавањето на потврдите заклучно со денеска, до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на правото на азил.