Македонија Вчера издадени потврди на вкупно 2.303 мигранти

Вчера издадени потврди на вкупно 2.303 мигранти

Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР)
издало на вкупно 2.303 мигранти, со што бројот на странски државјани што добиле ваков документ, во изминатите четири месеци, изнесува 143.279 лица.

Најголем број од нив, според податоците на МВР, се сириски државјани, или вкупно 99.903 лица, потоа од Авганистан (22.766), Ирак (10.186), Пакистан (3.547), Палестина (1.447), Иран (1.410), Сомалија (794), Бангладеш (784), Конго (431), Нигерија (240), Камерун (207), Еритреја (200), Етиопија (149) и од Судан (125).

Од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни годинава, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, азил во земјава побарале вкупно 70 мигранти.

Во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил не било поднесено ниту едно вакво барање.