Македонија Вчера издадени потврди на само 92 мигранти

Вчера издадени потврди на само 92 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 92 мигранти. Според МВР, потврди се издадени на 79 сириски и на 13 ирачки државјани.

Од мигрантите на кои вчера им биле издадени документи, 30 биле мажи, 22 жени и 40 деца што го придружуваат ностителот на потврдата.

Од 1 јануари заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 87.630 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Според МВР, вчера до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од почетокот на оваа година досега барања да останат во земјава поднеле вкупно 21 мигрант, од кои 14 сириски и седум авганистански државјани.