Македонија Вчера издадени потврди на само 372 мигранти

Вчера издадени потврди на само 372 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 372 мигранти. Според државјанството, 250 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, 113 на државјани на Ирак и 9 на лица од Авганистан.

Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 104 се мажи, 102 се жени и 166 се деца што го придружуваат ностителот на потврдата.

Од 1 јануари годинава, заклучно со вчера, според МВР, низ земјава поминале вкупно 84.359 мигранти, на кои им била издадена потврда за искажана намера за барање азил.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од почетокот на годината досега, барања да останат во земјава поднеле вкупно 10 лица.