Македонија Вчера издадени потврди на речиси 4.000 мигранти

Вчера издадени потврди на речиси 4.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.812 мигранти, кои влегле на територијата на земјава од Грција.

Како што соопштуваат од МВР, најголем дел од мигрантите, односно 2.264, се државјани на Сирија.

Во изминетите четири месеци, откако почнаа да се издаваат потврдите, според измените на Законот за азил и привремена заштита, вакви документи се издадени на вкупно 152.830 мигранти. Од нив најголем број се сириски државјани, или вкупно 105.267 лица, потоа од Авганистан (25.192), Ирак (11.315), Пакистан (3.625), Иран (1.724), Палестина (1.492), Сомалија (806), Бангладеш (816), Конго (446), Нигерија (244), Камерун (218) и од Еритреја (204).

Од 19 јуни досега, според МВР, да останат во земјава побарале само 70 мигранти, кои поднеле барање за признавање на правото на азил.