Македонија Вчера издадени потврди на 908 мигранти

Вчера издадени потврди на 908 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 908 мигранти. Од нив, според податоците на МВР, 532 мигранти се државјани на Сирија, 214 се со потекло од Ирак и 162 од Авганистан.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 54.344 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 442.577 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од 1 јануари до вчера, да останат во земјава побарале седум лица од кои петмина авганистански и двајца сириски државјани.