Македонија Вчера издадени потврди на 830 мигранти

Вчера издадени потврди на 830 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 830 мигранти. Според државјанството, најголем број од мигрантите, односно 424 се со потекло од Авганистан, 320 се од Сирија и 86 лица се од Ирак.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 18.712 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 406.945 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил биле поднесени две нови барања за признавање на правото на азил на двајца малолетници од Авганистан и од Сирија.