Македонија Вчера издадени потврди на 729 мигранти

Вчера издадени потврди на 729 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 729 мигранти. Според државјанството, најголем дел од лицата на кои им биле издадени потврди се со потекло од Сирија, вкупно 360, од Авганистан се 319, а од Ирак се 50 мигранти.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 31.629 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 419.862 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.