Македонија Вчера издадени потврди на 375 мигранти

Вчера издадени потврди на 375 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 375 мигранти. Од нив, според државјанството, 334 лица се со потекло од Сирија, а 41 се ирачки државјани.

Според МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 115 се мажи, 91 жена, 168 деца што го придружуваат носителот на потврдата и едно дете што патувало без придружба на родител.

Од почетокот на оваа година, заклучно со вчера, низ земјава транзитирале 89.491 странски државјани, на кои им биле издадени вакви документи.

Вчера, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од 1 јануари досега, да останат во земјава побарале вкупно 29 мигранти, од кои 22 сириски и седум авганистански државјани.