Македонија Вчера издадени потврди на 2.184 мигранти

Вчера издадени потврди на 2.184 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.184 мигранти. Според државјанството, најголем дел од лицата на кои им биле издадени потврди се со потекло од Сирија, вкупно 1.278, од Ирак се 525 и од Авганистан 381 лице.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 41.227 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 429.460 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.