Македонија Вчера издадени потврди на 132 мигранти

Вчера издадени потврди на 132 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 132 мигранти. Од нив, според државјанството, 126 лица се со потекло од Сирија, а шест се ирачки државјани.

Според МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 34 се мажи, 33 жени, а 65 се деца што го придружуваат носителот на потврдата.

Од почетокот на оваа година, заклучно со вчера, низ земјава транзитирале 89.623 странски државјани на кои им биле издадени вакви документи.