Македонија Вчера издадени потврди на 1.212 мигранти

Вчера издадени потврди на 1.212 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.212 мигранти. Според МВР, најголем број потврди се издадени на државјани на Сирија, вкупно 713, потоа 296 на лица со потекло од Авганистан и 203 на државјани на Ирак.

Од 1 јануари до вчера, според податоците на МВР, низ земјава поминале вкупно 83.188 странски државјани на кои им бил издаден ваков документ.

До Секторот за азил, како што информираат од МВР, вчера не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од почетокот на годината досега, да останат во земјава побарале 10 лица, од кои седум авганистански и тројца сириски државјани.