Свет Балкан Варуфакис поднесе оставка

Варуфакис поднесе оставка

Продолжува бранот драматични промени по грчкиот референдум.

Министерот за финансии, Јанис Варуфакис, рано изутринава си даде оставка. Преку текст на личниот блог со наслов „Minister no more“, Варуфакис најави дека се повлекува од втората најтешка позиција во државата.

Според неговата изјава, најверојатно се работи за одлука изнудена од барањата на кредиторите да се смени грчкиот преговарачки тим.