Спорт Ван Перси си оди од Манчестер јунајтед

Ван Перси си оди од Манчестер јунајтед

Ван Перси во моментов забаротува 250 илјади фунти во Јунајтед

Робин ван Перси не е задоволен во Манчестер јунајтед и можнo e уште во зимскиот преоден рок да си замине од „Олд Трафорд“, тврдат дел од англиските медиуми.
Иако соработката со Ван Гал е одлична, Ван Перси сака да ја промени средината и да си обезбеди „тежок“ договор за наредните неколку години.
Холаѓанецот има 31 година и историја со тешки повреди зад себе, па тешко е да се верува дека некој клуб ќе му понуди долгогодишен богат договор.
Ван Перси во моментов забаротува 250.000 фунти во Јунајтед, а медиумите шпекулираат дека турски Фенербахче е спремен да му понуди исто толкави примања, но со подолг договор.