Uncategorized Валс ги повика Французите да бидат внимателни

Валс ги повика Французите да бидат внимателни

Францускиот премиер Мануел Валс денеска апелира на „внимателност и единство“ по трите напади во Франција во последните три дена.

Валс соопштил дека владата не ја потценува опасноста од инцидентите, но дека целта ѝ е да го смири граѓаните и да „сфати што се случило“.

Десет лица се повредени вчера, кога комби влета меѓу купувачи на божиќниот пазар во Нант. Возачот на комбето си нанел повреди со нож.

Засега не е позната причината за нападот, кој се случи еден ден откако човек, извикувајќи „Алах е голем“, влета со автомобил меѓу пешаци во Дижон, повредувајќи 13 лица.

Во саботата, француската полиција уби човек кој со нож нападна полицајци во градот Туру, извикувајќи „Алах е голем“.